• четврток, 26 март 2026

Израел ќе воведе безбедносни ограничувања за џамијата Ал Акса во Ерусалим пред почетокот на Рамазан

Израел ќе воведе безбедносни ограничувања за џамијата Ал Акса во Ерусалим пред почетокот на Рамазан

Ерусалим, 28 февруари 2025 (МИА) - Израел ќе воведе „безбедносни ограничувања“ кога станува збор за џамијата Ал Акса во Ерусалим пред почетокот на Рамазан, соопшти денеска портпаролот на израелската Влада, Дејвид Менсер.

„Безбедносните ограничувања“ ќе бидат воведени на ридот на храмовите во стариот дел на Ерусалим, каде што се наоѓа Ал Акса.

„Во сила ќе бидат ограничувања поради јавната безбедност, какви што се воведуваат секоја година“, изјави Менсер. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан