Израел ја отфрли декларацијата на Генералното собрание на ОН за решение со две држави за Израелците и Палестинците
- Израел денеска ја отфрли декларацијата усвоена со големо мнозинство на Генералното собрание на ОН во која се наведени чекорите потребни за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.
Тел Авив, 12 септември 2025 (МИА) - Израел денеска ја отфрли декларацијата усвоена со големо мнозинство на Генералното собрание на ОН во која се наведени чекорите потребни за решение со две држави за израелско-палестинскиот конфликт.
-Уште еднаш се докажа до кој степен Генералното собрание е политички циркус, исклучен од реалноста - во десетиците клаузули од декларацијата усвоена со оваа резолуција, ниту едно не се споменува дека Хамас е терористичка организација, напиша портпаролот на израелското Министерство за надворешни работи, Орен Марморштајн, во објава на „Х“. мс/
фото: ЕПА