• среда, 13 ноември 2024

Израел ја осуди наредбата на највисокиот суд на ОН и тврди дека нема да изврши операции во Рафа кои би уништиле цивили

Израел ја осуди наредбата на највисокиот суд на ОН и тврди дека нема да изврши операции во Рафа кои би уништиле цивили

Тел Авив, 24 мај 2024 (МИА) - Израелскиот Национален совет за безбедност и Министерството за надворешни работи вечерва ја означија наредбата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) Израел да ги прекине операциите во Газа кои ризикуваат да го уништат цивилното население на југот на палестинската територија како „лажна, срамна и одвратна“.

„По ужасниот терористички напад врз граѓаните на Израел на 7 октомври 2023 година, Израел започна праведна одбранбена војна за да ја елиминира терористичката организација Хамас и да ги ослободи нашите заложници“, се вели во заедничката изјава на Советот и Министерството.

„Израел го прави тоа во согласност со правото да ја брани својата територија и своите граѓани придржувајќи се до моралните вредности и меѓународното право“, се додава во соопштението.

Дополнително, се тврди дека „Израел не извршил и нема да изврши воени операции во областа Рафа за да создаде услови кои би можеле да доведат до целосно или делумно уништување на палестинското цивилно население“.

МСП денеска му нареди на Израел веднаш да го запре нападот врз градот Рафа.

Претседателот на највисокиот суд на ОН, Наваф Салам, изјави дека ситуацијата во Рафа уште повеќе се влошила и сега е класифицирана како „катастрофална“, што значи дека претходните привремени судски мерки не се доволни поради промената на ситуацијата, објавија израелските медиуми. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан