• вторник, 05 ноември 2024

Израел соопшти дека е отворен коридор за евакуација од север кон југ на Појасот Газа

Израел соопшти дека е отворен коридор за евакуација од север кон југ на Појасот Газа

Тел Авив, 12 ноември 2023 (МИА) - Социјалниот медиумски канал на израелската армија на арапски јазик објави дека денеска ќе биде отворен „ограничен коридор за жителите на северна Газа“ за евакуација на југот на Појасот Газа.

Стотици илјади жители изминатите денови се движат низ хуманитарниот безбеден коридор, или со возила или пеш по улицата Салах ал-Дин, наведува Гардијан.

„Улицата Салах Ел-Дин ќе остане отворена денеска за вашата евакуација од 9:00 до 16:00 часот (локално време) за да се евакуирате јужно од водотекот Вади Газа. Не се предавајте на Хамас, вашето континуирано присуство во регионот ве изложува на многу голема опасност“, се наведува во соопштението.

Во пораката се најавува „привремено тактичко прекинување на воените активности за хуманитарни цели во селата Џабалија и Езбет Млин“, кое ќе трае од 10:00 до 14:00 часот по локално време.

Израел постојано бара Палестинците да се евакуираат од северот кон југот на Газа, иако продолжува со воздушните напади и на југот на Појасот Газа, вклучувајќи ги и градовите Рафа и Кан Јунис. ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан