• понеделник, 23 декември 2024

Израел продолжи со воените акции на Западниот Брег и Газа

Израел продолжи со воените акции на Западниот Брег и Газа

Ерусалим, 4 јануари 2023 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИД) денеска соопштија дека војниците на југот на Газа предизвикале значителна штета на контролата на Хамас во Кан Јунис и дека антитерористичката операција продолжува во бегалскиот камп Нур Шамс, на Западниот брег.

Како што пренесува Тајмс оф Израел, операцијата на Западниот Брег започна пред повеќе од 30 часа.

Во кампот во близина на Тулкарем, војниците испрашуваа стотици осомничени, а 29 Палестинци беа уапсени низ Западниот Брег.

ИДФ соопшти дека во рациите било запленето оружје.

Според ИДФ, во јужниот дел на Газа припадници на израелската армија убиле „многу борци на Хамас“, со што ги спречиле нивните оперативци да извршат напади од големи размери. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан