Израел пријави ракетни напади од Либан врз Хаифа
- Како што пренесе ДПА, на небото над Хаифа, главниот пристанишен град во земјата, бил видлив чад од експлозии. Армијата соопшти дека некои од проектилите биле пресретнати, а други паднале во неразвиени области. Нема информации за евентуални жртви.
Тел Авив, 27 септември 2024 (МИА) – Израел утрово е нападнат со 10 ракети од Либан, соопшти армијата.
Како што пренесе ДПА, на небото над Хаифа, главниот пристанишен град во земјата, бил видлив чад од експлозии. Армијата соопшти дека некои од проектилите биле пресретнати, а други паднале во неразвиени области. Нема информации за евентуални жртви.
Шиитската милиција Хезболах во Либан тврди дека го нападнале регионот Хаифа со ракети од типот Фади-1.
Тие речиси секојдневно го бомбардираат Израел од почетокот на војната во Газа пред скоро една година.
Милицијата, која е сојузник со Иран, тврди дека има за цел да ја поддржат палестинската милитантна организација Хамас во Појасот Газа во нејзината борба против Израел и да постигне прекин на огнот во војната во Газа.
Израел порано одговараше со слична сила, но од почетокот на неделава воздухопловните сили вршат масовни воздушни напади во Либан, што резултираше со стотици смртни случаи. Меѓународните напори за воспоставување прекин на огнот досега се неуспешни. јт/
Фото: ЕПА архива