• сабота, 25 јануари 2025

Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200

Израел ослободи 70 Палестинци, од предвидените 200

Тел Авив, 25 јануари 2025 (МИА) – Израел денеска ослободи 70 Палестинци и ги предаде на Египет. Предвидено е Израел денеска да ослободи 200 Палестинци, од кои поголем број ќе бидат испратени во егзил.

Хамас утрово ослободи четири припаднички на израелската армија, кои беа киднапирани од базата во близина на границата со Појасот Газа, за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.

Тоа е втора рунда размена во рамките на Договорот за прекин на огнот, што стапи во сила минатиот викенд, а треба да ги запре борбите на најмалку шест недели. Во тој период треба да бидат ослободени десетина Израелци, заложници на Хамас и стотици Палестинци од израелските затвори, како и да се зголеми дистрибуцијата на хуманитарна помош во енклавата.

Првата размена беше на 18 јануари кога три Изрелки беа разменети за 90 Палестинци.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху соопшти дека денеска Хамас требало да биде ослободена уште една жена цивил, посочувајќи дека Израел нема да им дозволи на Палестинците да се вратат во северниот дел на Газа, сè додека таа не биде ослободена. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан