• сабота, 21 декември 2024

Израел одобри плановите изградба на над 5.000 нови домови за еврејските доселеници на Западен Брег

Израел одобри плановите изградба на над 5.000 нови домови за еврејските доселеници на Западен Брег

Тел Авив, 26 јуни 2023 (МИА) - Крајнодесничарската влада на Израел денеска ги одобри плановите за изградба на повеќе од 5.000 нови домови за еврејските доселеници на окупираниот Западен Брег.

Американски медиуми оценуваат дека постои опасност овој потег дополнително да ги влоши затегнатите односи на Израел со САД.

Одлуката е донесена и покрај зголемените критики од САД за политиката на Израел за населување Евреи во окупираните палестински територии. Тоа, исто така, ги зголеми тензиите со Палестинците поради зголеменото насилство на Западниот Брег.

Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека денеска била истрелана ракета од градот Џенин на Западниот Брег. Нема извештаи за повредени лица. Ракетата паднала на окупирана палестинска територија.

Франција го критикуваше насилството на еврејските доселеници врз Палестинците на Западниот Брег Еврејските населби на оваа окупирана палестинска територија „се нелегални од гледна точка на меѓународното право“, изјави портпаролката на француското Министерство за надворешни работи, Ан-Клер Лежандре. ссм/

Остани поврзан