• петок, 22 ноември 2024

Израел не и дозволи на Украина да го купи Пегез поради страв од Русија

Израел не и дозволи на Украина да го купи Пегез поради страв од Русија
Лондон, 23 март 2022 (МИА) - Израел не и дозволи на Украина да го купи шпионскиот софтвер Пегаз од израелската компанија НСО Груп поради стравувањата дека продажбата на таква софистицирана хакерска алатка ќе го предизвика гневот на Русија, објави денеска лондонски Гардијан. Заедничкото истражување на британскиот весник и американскиот Вашингтон пост пружа нов увид во односите на Израел со Русија и како Тел Авив повремено ги поткопува офанзивните способности на Украина и се спротивставува на приоритетите на САД. Според експертите од 2019 година, а можеби и порано, украинските власти се обидуваат да го убедат Израел да им даде дозвола за користење на шпионски софтвер. Украина беше одбиена од НСО груп, откако компанијата не доби дозвола од израелското Министерството за одбрана да го продаде Пегаз на Украина. Софтверот Пегаз може да се користи за хакирање на секој мобилен телефон, а се користи за прислушување разговори, читање пораки и прегледување фотографии на корисници, а може да се користи и како уред за прислушување. Истражувањето покажува дека продажбата на Пегаз од Унгарија до Саудиска Арабија често била во согласност со израелската надворешна политика. Висок украински разузнавач изјави дека Украинците се збунети од одлуката на Израел, односно дека не е јасно зошто не им е дозволен пристап до моќно средство за шпионажа и дека верува оти САД ги поддржуваат напорите на Украина. Извори на кои се повикува Гардијан истакнуваат дека одлуката на Израел е одраз на неговата неподготвеност да ја вознемири Русија, со која има блиска разузнавачка соработка. Тие изјавија дека Израел стравува дека можноста Украина да ги прислушува руските мобилни телефони преку Пегаз може да се смета за чин на напад врз руските разузнавачки служби. Украинскиот претседател Володимир Зеленски во говорот пред Кнесетот на 20 март изјави дека Израел ќе мора да одговори зошто не и даде оружје на Украина и не воведе санкции кон Русија. ми/

Остани поврзан