• петок, 05 декември 2025

Израел забележа рекордно високи ноќни температури

Израел забележа рекордно високи ноќни температури

Ерусалим, 13 август 2025 (МИА) – На брегот на Мртвото Море во Израел е измерена рекордна минимална температура од 36,6 степени Целзиусови, што е највисока ноќна температура досега регистрирана во земјата, соопшти Израелската метеоролошка служба.

Рекордот е забележан на планината Содом, во источниот дел на земјата, и го надминува претходниот од 35,5 степени. Властите издадоа повеќе предупредувања до граѓаните да останат во затворен простор, бидејќи се очекува врвот на топлотниот бран да донесе и до 50 степени во внатрешноста.

Мртвото Море, на границата со Јордан, е најниската точка на Земјата, на околу 430 метри под морското ниво. ссм/

фото: архива

Остани поврзан