• сабота, 13 декември 2025

Израел го отвори повторно граничниот премин Аленби за хуманитарна помош за Газа

Израел го отвори повторно граничниот премин Аленби за хуманитарна помош за Газа

Рамала, 11 декември 2025 (МИА) - Израел повторно го отвори  граничниот премин Аленби помеѓу окупираниот Западен Брег и Јордан за хуманитарна помош за Појасот Газа, според израелски и палестински претставници.

Преминот беше затворен пред повеќе од два месеци откако јордански возач на камион што носел помош за Газа застрелал и убил двајца израелски војници пред да биде убиен. Вчера беше повторно отворен, а 20 камиони беа пуштени да поминат.

Аленби е единствениот граничен премин помеѓу Јордан и Западниот Брег. Тој им овозможува на Палестинците што живеат на територија окупирана од 1967 година да одат во Јордан без да мора да преминуваат во Израел.

Контролниот пункт беше повторно отворен во услови на дипломатски напори за спроведување на втората фаза од мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Блискиот Исток. мс/ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан