• четврток, 21 ноември 2024

Израел ги повлече дипломатите од Турција, Јордан, Мароко и Бахреин

Израел ги повлече дипломатите од Турција, Јордан, Мароко и Бахреин

Тел Авив, 19 октомври 2023 (МИА) – Израел го повлече дипломатскиот персонал од Турција, вклучително и амбасадорот, по серијата протести пред амбасадата во Анкара и конзулатот во Истанбул, потврдија официјални лица во Анкара.

Властите во Тел Авив објаснија дека дипломатскиот персонал ја напуштил Турција поради безбедносни ризици и дека оваа одлука нема политичка позадина.

Медиумите во Израел јавуваат дека поради истата причина биле вратени дипломати од Јордан, Мароко и Бахреин. јт/

Фото: Архива

Остани поврзан