Израел гаѓаше позиции на Хезболах во јужен Либан, кај замокот Бофорт
- Како што е наведено во соопштението на ИДФ, цел на нападите била воената инфраструктура на Хезболах, вклучувајќи ги и подземните инсталации, каде што била идентификувана воена активност во областа на замокот Бофорт во јужен Либан.
Ерусалим, 31 август 2025 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека погодила локации во кои се наоѓа проирански Хезболах, во близина на замокот Бофорт, во јужен Либан, откако таму забележала одредена воена активност.
Како што е наведено во соопштението на ИДФ, цел на нападите била воената инфраструктура на Хезболах, вклучувајќи ги и подземните инсталации, каде што била идентификувана воена активност во областа на замокот Бофорт во јужен Либан.
Последната војна меѓу Израел и проиранскиот Хезболах во Либан заврши со прекин на огнот на 27 ноември минатата година.
Спогодбата за прекин на огнот беше склучена со американско посредништво и предвидува дека само либанската армија и мировните сили на ОН (УНИФИЛ) остануваат во јужен Либан на границата со Израел, исклучувајќи го присуството и на Хезболах и на израелската армија.
Од потпишувањето на договорот, Израел продолжи да извршува напади врз Либан, тврдејќи дека ја гаѓа инфраструктурата на Хезболах, и ги задржа своите сили на пет позиции во земјата, кои ги опиша како стратешки.сд/
фото:Википедија