• недела, 22 декември 2024

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени

Израел бомбардираше џамија во близина на болница во јужен Либан, има повредени

Бејрут, 5 октомври 2024 (МИА) - Израелската војска денеска соопшти дека бомбардирала џамија во непосредна близина на болница во јужен Либан, тврдејќи дека во неа има скриен команден центар на Хезболах, јави ДПА.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) во објава на мрежата Х објавија дека нападот бил насочен кон „терористи на Хезболах“ кои ја користеле џамијата во близина на болницата Салах Гандур за да планираат напади против Израел.

Во друг напад синоќа била погодена и болницата во јужниот град Бинт Џбеил, при што биле повредени најмалку девет лица од медицинскиот персонал, пренесува ДПА.

Персоналот на болницата, наводно, бил евакуиран, иако не е јасно што се случило со пациентите поради копнената офанзива на Израел во регионот.

Најмалку четири болници во јужен Либан веќе престанаа со работа поради борбите, додека другите се преполни.

ИДФ соопшти дека до жителите се испратени известувања со предупредување да ја напуштат областа пред последниот напад. сд/

Остани поврзан