• петок, 18 октомври 2024

Израелски медиуми: Се очекува прес конференција на Нетанјаху на која ќе објави дека е убиен лидерот на Хамас

Израелски медиуми: Се очекува прес конференција на Нетанјаху на која ќе објави дека е убиен лидерот на Хамас

Ерусалим, 17 октомври 2024 (МИА) - Израелските медиуми попладнево јавија дека премиерот Бенјамин Нетанјаху се очекува да има прес конференција на која ќе потврди дека е убиен лидерот на Хамас, Јахја Синвар.

Извори на Хамас велат дека индициите од Газа сугерираат дека лидерот на групата Јахја Синвар е убиен во израелска операција, објави Тајмс оф Израел.

Засега нема официјален коментар од Хамас.

Тајмс оф Израел на својот веб сајт пренесе информации на агенцијата Ројтерс и на саудискиот весник Ашарк ал-Авсат каде се цитираат два неименувани извора на Хамас кои тврдат дека водачите на терористичката група во и надвор од Газа биле информирани за смртта на Синвар.

Извори на Хамас во Газа велат за Ашарк ал-Авсат дека контактот со обезбедувањето на Синвар, составено од само две или три лица, бил изгубен пред неколку дена. зш/
фото ИДФ

Остани поврзан