Израелските сили тврдат дека убиле командант на Хезболах во воздушен напад во Либан
- Израелската војска објави дека убила важен командант на Хезболах, кога во воздушен напад во Либан, било погодено возилото во кое тој се наоѓал.

Тел Авив, 31 март 2024 (МИА) - Израелската војска објави дека убила важен командант на Хезболах, кога во воздушен напад во Либан, било погодено возилото во кое тој се наоѓал.
Командантот е идентификуван како Исмаил ал Зин. Тој бил висок член на противтенковската ракетна единица на силите Радван на Хезболах.
„Ал Зин имаше значително познавање за противтенковски ракети и е одговорен за десетина ракетни напади со таква муниција против израелски цивили, општини и против израелските безбедносни сили“, се вели во соопштението на израелските сили. Се прецизира дека нападот бил извршен од авион на израелските воздухопловни сили во регионот Кунин во Либан. ссм/
фото: архива