• сабота, 21 декември 2024

Израелскиот министер за одбрана прогласи вонредна состојба на територијата на цел Израел

Израелскиот министер за одбрана прогласи вонредна состојба на територијата на цел Израел

Ерусалим, 7 октомври 2023 (МИА) – Израелскиот министер за одбрана, Јоав Галан, вечерва одлучи да прогласи вонредна состојба на територијата на цел Израел, соопшти неговиот кабинет, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Министерот Галан претходно денеска прогласи вонредна состојба во радиус од 80 километри од Појасот Газа, по ненадејниот баражен ракетен напад од оваа палестинска територија и добро подготвената инфилтрација и упад на вооружените палестински милитанти на израелска територија.

Вонредната состојба и дозволува на израелската воена команда да ги ограничи собирите и да ги затвори областите во земјата. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан