Израелскиот безбедносен кабинет го одобри договорот за прекин на огнот со Хамас
- Израелскиот безбедносен кабинет на денешната седница го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и за размена на заложници за палестински затвореници, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху
Ерусалим, 17 јануари 2025 (МИА) – Израелскиот безбедносен кабинет на денешната седница го одобри договорот со Хамас за прекин на огнот во Појасот Газа и за размена на заложници за палестински затвореници, соопшти кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху.
По одобрувањето од безбедносниот кабинет, договорот треба да биде одобрен и од израелската Влада. По нејзиното одобрување договорот за прекин на огнот ќе стапи во сила в недела (19 јануари) со ослободување на првите заложници. ми/
фото: МИА архива