• понеделник, 29 април 2024

Израелскиот безбедносен кабинет го овласти воениот кабинет да одлучи за одговор на иранскиот напад

Израелскиот безбедносен кабинет го овласти воениот кабинет да одлучи за одговор на иранскиот напад

Тел Авив, 14 април 2024 (МИА) – Израелскиот безбедносен кабинет го овласти воениот кабинет од три лица да одлучи за одговорот на Израел на иранскиот напад по состанокот одржан ноќва, изјави израелски претставник за Си-Ен-Ен.

Овластувањето доаѓа откако Израел се соочи со повеќе од 200 „закани“, според израелските одбранбени сили.

Воениот кабинет го сочинуваат премиерот Бенјамин Нетанјаху, министерот за одбрана Јоав Галант и Бени Ганц. јт/

Фото: Х

Остани поврзан