• петок, 05 декември 2025

Израелската армија тврди дека во напад со дрон е убиен еден од командантите на Хезболах

Израелската армија тврди дека во напад со дрон е убиен еден од командантите на Хезболах

Тел Авив, 28 јуни 2025 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека во напад со дрон во областа Кунин, на југот на Либан, е убиен еден од командантите на Хезболах.

Како што наведе ИДФ, убиениот Хасан Мохамад Хамуди бил командант на противтенковската ракетна единица на Хезболах во подрачјето Бинт Џбеил на југот на Либан, пренесе Тајмс оф Израел.

Во соопштението се наведува дека тој за време на војната „водел бројни противтенковски ракетни напади врз Израел“. јт/

Фото: МИА архива

Остани поврзан