• сабота, 21 декември 2024

Израелската армија соопшти дека убила најмалку 11 милитанти во Кан Јунис во изминатите 24 часа

Израелската армија соопшти дека убила најмалку 11 милитанти во Кан Јунис во изминатите 24 часа

Ерусалим, 27 јануари 2024 (МИА) - Израелската армија денеска соопшти дека во последните 24 часа убила најмалку 11 палестински борци во градот Кан Јунис, кој се наоѓа во јужниот дел на Појасот Газа.

Во воените дејствија во областа учествувале израелски авиони, тенкови и копнени трупи.

Израелските сили соопштија дека милитантите се обиделе да постават експлозиви за да убијат израелски војници и користеле јуришни пушки и фрлачи на гранати во борбите.

Израел ја започна својата воена операција во Појасот Газа откако милитантите на исламистичкото движење Хамас, кое ја контролира палестинската енклава, извршија напад врз еврејската држава на 7 октомври минатата година. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан