Израелската армија соопшти дека истовремено ги напаѓа Техеран и Бејрут
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека утрово „нанесуваат истовремени удари“ врз главните градови на Иран и Либан – Техеран и Бејрут.
Тел Авив, 3 март 2026 (МИА) – Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека утрово „нанесуваат истовремени удари“ врз главните градови на Иран и Либан – Техеран и Бејрут.
Нападите се насочени кон воени објекти на Иран и на либанската шиитска група Хезболах, која е поддржана од Техеран, прецизираа ИДФ.
„Армијата во моментов нанесува истовремени удари во Техеран и Бејрут. Израелските воздухопловни сили презедоа насочени удари врз воени објекти на иранскиот терористички режим и на терористичката организација Хезболах“, се вели во соопштението на израелската армија објавено на социјалните мрежи.
Претходно, израелската армија соопшти дека пресретнала два дрона насочени кон територијата на земјата „од правец на Либан“, информира ДПА.
Во 4:43 часот по израелско време, два дрона „навлегоа во израелскиот воздушен простор“, објавија ИДФ, без да соопштат повеќе детали. јт/сд/