Израелската армија пресретна ракета истрелана од Јемен
- Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана од територијата на Јемен. Утрово во неколку региони на Израел се огласија сирените за воздушна одбрана
Тел Авив, 25 мај 2025 (МИА) – Израелската армија соопшти дека пресретнала ракета истрелана од територијата на Јемен. Утрово во неколку региони на Израел се огласија сирените за воздушна одбрана.
Хутите, кои имаат поддршка од Иран, минатата недела двапати истрелаа ракета кон аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.
Од почетокот на војната во Појасот Газа, Хутите лансираат ракети и дронови кон цели во Израел и нападнаа повеќе од 100 бродови во Црвено и Арапско Море, теснецот Баб-ел-Мандеб и Аденски Залив, во знак на поддршка со Палестинците. Поради нападите на Хутите нарушен е глобалниот транспорт, а компаниите се принудени да бараат подолги и поскапи рути околу јужна Африка. Јеменските бунтовници на почетокот од месецот соопштија дека ќе продолжат да ги напаѓаат само израелските бродови во Црвено Море.
Хутите сè уште не го коментирале денешниот напад врз Израел. ми/
фото: МИА архива