Израелската армија издаде предупредувања за евакуација за три пристаништа во Јемен
- Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација за три морски пристаништа во Јемен - Рас Иса, Ходејда и Салиф.
Тел Авив, 14 мај 2025 (МИА) - Израелските одбранбени сили (ИДФ) издадоа предупредувања за евакуација за три морски пристаништа во Јемен - Рас Иса, Ходејда и Салиф.
Според ИДФ, овие пристаништа ги користат јеменските шиитски бунтовници Хути блиски до Иран.
Претходно, израелската армија соопшти дека пресретнала ракета испукана од јеменска територија кон Израел.
Лансирањето на ракетата и израелското предупредување дојдоа во време кога американскиот претседател Доналд Трамп е на турнеја низ три земји од регионот на Персискиот Залив, вклучувајќи ги Саудиска Арабија, Катар и Обединетите Арапски Емирати. рп/
Фото: МИА архива