• четврток, 26 март 2026

Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот

Израелската армија ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот

Газа, 4 октомврри 2025 (МИА) - Израелската армија денеска ги предупреди жителите на Газа да не се враќаат во градот, додавајќи дека тој останува област на активни борбени дејства и покрај прифаќањето на мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп од страна на Израел и Хамас. 

- Израелските сили сè уште спроведуваат операции во Газа и е исклучително опасно да се вратите таму. За ваша безбедност, не се враќајте на север и не приближувајте до областите каде што дејствуваат трупите, вклучително и во јужниот дел на Појасот Газа, објави на социјалната мрежа Х портпаролот на армијата, полковник Авичаи Адрае.

Службата за цивилна одбрана на Газа објави за десетици израелски напади и артилериско гранатирање во Газа, и покрај повикот на Доналд Трамп до Израел веднаш да го запре бомбардирањето на палестинската територија.са/

Фото: МИА архива

Остани поврзан