• петок, 05 декември 2025

Израелската армија бомбардираше енергетски објект во Јемен

Израелската армија бомбардираше енергетски објект во Јемен

Ерусалим, 17 август 2025 (МИА) – Израелската армија денеска соопшти дека бомбардирала „енергетски објект“ што го користат Хутите во Сана, во најновиот напад врз јеменските бунтовници кои извршија повеќе ракетни напади врз Израел.

„Израелската армија изврши напад на оддалеченост од околу 2.000 километри од Израел, во централниот дел на Јемен, таргетирајќи енергетска инфраструктура што ја користи терористичкиот режим на Хутите“, се наведува во соопштението на армијата. „Нападите се одговор на нападите што Хутите ги извршија врз Израел и неговите граѓани, вклучително и лансирање на ракети земја-земја и дронови“, се додава во соопштението.

Телевизијата Ал-Масира, контролирана од Хутите, исто така извести за напад врз електрана во Сана.

Хутите, поддржани од Иран, редовно изведуваат ракетни напади и напади со дронови врз Израел, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со Палестинците во Појасот Газа. ссм/

фото: архива

Остани поврзан