• петок, 05 декември 2025

Изминатата седмица санкционирани 97 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Изминатата седмица санкционирани 97 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Скопје, декември 2025 (МИА) - ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 24.11. до 30.11.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 97 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот, информираат од ПОЦ.

-За трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура, затоа ЈП ПОЦ и СВР Скопје во наредниот период ќе продолжат со секојдневно отстранување на сите непрописно и несовесно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, се наведува во соопштението.свс/вј/

Фото: ПОЦ

Остани поврзан