• понеделник, 25 ноември 2024

Изложба по повод Денот на жената во ДКЦ „Карпош“

Изложба по повод Денот на жената во ДКЦ „Карпош“

Скопје, 8 март 2024 (МИА) - Во Детскиот културен центар-„Карпош“ денеска ќе биде отворена изложба на цртежи и честитки со тема „Цртам за мојата мајка“, изработени од деца од детските градинки од Скопје.

Изложбата се одржува по повод празникот 8 Март - Меѓународен ден на жената и е дел од музичко креативниот настан „Играм и пеам за мојата мајка“.

-Од пристигнатите ликовни творби кои ги изработуваат децата може да се види колку далеку одат детските чуства, креативност и фантазија и како тие си ја замислуваат својата мајка-жена и која е нејзината улога во нивниот живот, велат од ДКЦ „Карпош“.

За децата од градинките е организирана и пригодна програма. Оваа година гостинка во ДКЦ „Карпош“ ќе биде Марија Дојчиновска вработена како зоонеговател во Зоолошката градина во Скопје, која ќе им раскаже за нејзината работа со животните кои се жители на ЗОО односно ќе им раскаже дека секоја жена може да биде успешна во секоја професија за која ќе се определи. дма/мд/

Фото: ДКЦ „Карпош“

 

Остани поврзан