• петок, 05 декември 2025

Изложба на уметничката Ана Митевска во Делчево

Изложба на уметничката Ана Митевска во Делчево

Делчево, 22 мај 2025 (МИА) - Во организација на Националната установа Центар за култура Н.Ј.Вапцаров, во Делчево денескa беше отворена изложбата на уметникот Ана Митевска. Ова е трета самостојна изложба на авторката, односно вкупно 6-та по ред организирана во соработка со домовите и центрите за култура во нашата земја.

-Со Ана и порано имаме соработувано, а денешната изложба е насловена Приказни во Тиркиз - Извор на животот. Се надевам  дека оние кои денес дојдоа на отворањето уживаа во нејзините дела, истакна директорот на установата Златко Начовски.

Митевски појаснува дека на изложбата се претставени вкупно 33 дела, и оти постојано варира бројот во зависност каде се одржува.

-Содржи четири циклуси, а последниот циклус содржи три дела кои беа еден вид најава за почетокот на мојата следна изложба насловена Надеж која ќе биде во септември следната година, додаде Митевска.

Кустос советникот Мирјана Намичева додаде дека со делчевскиот центар досега имаат 8 изложби, а со оваа изложба како што напомена продолжуваат актиностите од големиот проект Музеум линк.

-Ова е дел од еден голем проект наречен Музеум линк кој го работииме со здружението Архифакт. Целта е да се дисперзира уметноста односно сметаме дека не треба таа да биде привилегија само на граѓаните на Скопје. Затоа правиме напори со колегите тие дела да бидат претставени и во помалите градови, додаде Намичева.

Изложбата беше посетена од страна на основци и средношколци заедно со нивните ментори, а истата како што додаде Александар Белогаски од НУЦК ,,Н.Ј.Вапцаров" ќе биде отворена во наредните 10 дена. вс/сст/


Фото: МИА
 

Остани поврзан