• петок, 15 ноември 2024

Изложба на илустрации за книгата „Блаже Конески - поезија и кратка“

Изложба на илустрации за книгата „Блаже Конески - поезија и кратка“
Скопје, 3 ноември 2021 (МИА) - Во галеријата на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ задутре (5 ноември), ќе се отвори изложба на илустрации за јубилејната книга „Блаже Конески - поезија и кратка проза“. Со реализацијата на оваа изложба, ФЛУ се приклучува кон чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската култура, Блаже Конески.
Како што најавија од факултетот, на изложбата ќе учествуваат авторите кои земаа учество на јавниот конкурс за изработка на илустрации - Гоце Илиевски, Владимир Илиевски, Марија Конеска, Филип Велковски, Елена Ѓорѓиевска, Иван Коминовски, кои се претставуваат со три илустрации, и наградената авторка Илиана Петрушевска, која се претставува со десет илустрации.
Ќе бидат застапени дигитални ликовни решенија, како и традиционални ликовни техники.
Третирани се вкупно 22 различни песни, од кои некои се двојно или тројно различно илустрирани.
Конча Пиркоска, историчар на уметност порача дека илустрациите на застапените автори, вдахновени од лирскиот тестамент на Конески, меѓусебно се композициски, колористички и стилски различно третирани и интерпретирани; од миметички, преку асоцијативни, експресивни и минималистички, па сѐ до апстрактни.
-Во овој контекст секоја илустрација поединечно треба да асоцира или да ја рефлектира интеракцијата меѓу песната и сликата, и како што едноставно и моќно пее(ше) Конески, така треба да пеe овoj, а во иднина и некои други илустративни хорови, додаде Пиркоска.
Конкурсот и изложбата се реализирани со поддршка на Министерството за култура.бт/лв/

Остани поврзан