• понеделник, 23 декември 2024

Изложба на детски графики изработени во рамките на компјутерската графика „Вируелно јас“

Изложба на детски графики изработени во рамките на компјутерската графика „Вируелно јас“
Скопје, 30 јуни 2021 (МИА) - Изложба од сработените детски графики изработени во рамките на инклузивен проект за компјутерска графика насловен како „Виртуелно јас“, за деца од ранливите категории, ќе биде презентирана во објектот Мала станица, а графиките ќе може да се погледаат во наредните 10 дена. Тргнувајќи од тоа дека технологијата брзо се развива и станува неопходен дел од нашето живеење, целта на овој проект е да покаже дека компјутерот не прави разлика меѓу корисниците и нуди неограничени можности за изразување. Водени од стручни лица, децата истражуваа, изучиле нови вештини и уживаа во широките можности што ги нуди дигиталниот свет. Крајниот резултат се изработените компјутерски графики, креативни дела во кои тие ни ја покажуваат својата виртуелна реалност, своето виртуелно Jас. Во текот на месец април и мај беше реализирана работната програма на проектот, пристигнаа повеќе од стотина цртежи / комјутерски графики од повеќе училишта, ДСУ „Св. Наум Охридски“, ООУ „Браќа Миладиновци“ - село Жван, Демир Хисар, Здружение на психолози “Рилука“- Битола, ООУ „Кирил и Методиј“– Стајковци, ООУ „Кузман Јосифовски Питу“ – Скопје, ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ – Скопје, „Дама-Ел“, Здружение на лица со посебни потреби, ПОУ „Иднина“ – Скопје, ПСУ „Алгоритам“, НВО „Имаго Плус“ – Скопје,  НВО „Имаго Плус“ – Тетово. Националната галерија на РСМ, во соработка со Гимназијата „Алгоритам“, организира  Во проектот ќе учествуваат училиштата кои имаат инклузивни програми и институциите кои ги поддржуваат ранливите категории. Одговорна за проектот е едукаторот Маја Димитрова. свс/сп/

Остани поврзан