• четврток, 04 декември 2025

Изложба на дела од 32. Лесновска ликовна колонија во Пехчево

Изложба на дела од 32. Лесновска ликовна колонија во Пехчево

Пехчево, 26 септември 2025 (МИА) - Во Домот на култура „Јане Сандански“ – Пехчево, во соработка со Домот на култура „Злетовски рудар“ – Пробиштип, денеска беше отворена изложба на дела од 32. Лесновска ликовна колонија. Изложбата ја отвори Марија Трајчева, претставничка на пробиштипскиот Дом на култура.

На настанот присуствуваа ученици, наставници, директори и вработени од локални институции, како и љубители на уметноста. 

-Им благодариме за соработката на директорката Сандра Мијалковска и на сите што овозможија нашите граѓани, ученици и наставници да ја видат оваа ликовна колонија. Пехчево и годинава е дел од еден значаен културен настан, изјави Валентина Веселинска, директорка на Домот на култура „Јане Сандански“ – Пехчево.

Делата се изработени од повеќе уметници од Македонија и странство, а изложбата ќе биде достапна за посетителите во наредните седум дена. вс/фф/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан