Изложба на дела од Пабло Пикасо во Домот на култура во Ѓорче Петров
- Изложба на Пабло Пикасо, керамики, цртежи, и графики од колекцијата на ОСТЕН, ќе биде поставена во Домот на култура во Ѓорче Петров.
Скопје, 20 октомври 2021 (МИА) – Изложба на Пабло Пикасо, керамики, цртежи, и графики од колекцијата на ОСТЕН, ќе биде поставена во Домот на култура во Ѓорче Петров.
Во колекцијата на ОСТЕН Музејот на цртеж се наоѓаат 83 оригинални дела на Пабло Пикасо од кои осум цртежи, 26 керамики, а другите рачно потпишани графики. Дел од нив ќе бидат изложени на изложбата во Домот на културата во Ѓорче Петров.
Покрај неприкосновената вредност на делата од легендата во уметноста на 20 век – Пабло Пикасо, оваа изложба е од исклучително значење и затоа што се организира по вторпат во Скопје. Единствена изложба на дела од Пикасо од колекцијата на ОСТЕН претходно е организирана во Галерија ОСТЕН во 2011 година.
Официјалното отворање ќе биде во 19 часот, и изложбата ќе биде поставена само на еден ден.свс/са/