• недела, 22 декември 2024

Изложба „Лексикографски факти во НУБ - од Пулевски до денес!“

Изложба „Лексикографски факти во НУБ - од Пулевски до денес!“
Скопје, 5 мај 2022 (МИА) - Со презентација на речници, претставувајќи го лексикографскиот развој на македонската авторско - истражувачка и издавачка продукција, НУБ „Св.Климент Охридски“ - Скопје денеска ја отвори изложбата „Лексикографски факти во НУБ - од Пулевски до денес!“. Изложбата ја отвори професор д-р Елена Јованова Грујовска, директорка на Институтот за македонски јазик, која истакна дека институтот се гордее со богатата продукција на научни книги во рамките на четири едиции, посебни изданија, стари текстови, јазикот наш денешен и речници, кои, како што рече, се каталогизирани во нови во НУБ. Поздравни обраќања на настанот имаа и професорката д-р Веселинка Лаброска, дописен член на МАНУ, д-р Лилјана Макаријоска, дописен член на МАНУ, професор д-р Људмил Спасов и професор д-р Димитар Пандев, кои се осврнаа на создавањето и значајноста на речниците и говореа за своето учество во изработка на речници. ар/са/    

Остани поврзан