Излезните анкети на изборите во Јапонија покажуваат дека ЛДП и Комеито го губат мнозинството
- Излезните анкети за резултатите од денешните парламентарни избори во Јапонија за Горниот дом на Парламентот покажува дека Либерално-демократската партија (ЛДП) на премиерот Шигеру Ишиба и нејзиниот коалициски партнер Комеито го губат мнозинството, објави јапонскиот државен радиодифузер НХК.
Токио, 20 јули 2025 (МИА) - Излезните анкети за резултатите од денешните парламентарни избори во Јапонија за Горниот дом на Парламентот покажува дека Либерално-демократската партија (ЛДП) на премиерот Шигеру Ишиба и нејзиниот коалициски партнер Комеито го губат мнозинството, објави јапонскиот државен радиодифузер НХК.
Според излезната анкета, двете партии освојуваат помеѓу 32 до 51 парламентарно место во 125-члениот дом. мс/
фото: ЕПА