• четврток, 26 март 2026

Излезе од печат хрватскиот превод на романот „Турнеја“ на Сашо Огненовски

Излезе од печат хрватскиот превод на романот „Турнеја“ на Сашо Огненовски

Скопје, 11 мај 2025 (МИА) - Излезе од печат хрватскиот превод на романот „Турнеја“ на Сашо Огненовски, во издание на издавачката куќа „Неолит“ од Копривница, Хрватска. Преводот на хрватски јазик е на Борјана Прошев Оливер. После бугарското издание од страна на издавачката куќа „Изида“ од Софија, ова е втор превод на овој роман.

Романот „Турнејата“ од современиот македонски писател Саша Огненовски е напната сатира сместена под рефлекторите на светските театарски сцени, кои се покажуваат како многу опасно место.

-Новооснованиот Македонски царски театар оди на светска турнеја. Репертоарот вклучува ново читање на Шекспировиот Хамлет, што всушност е метафора за македонските ситуации и историја. Комбиниран состав од најдобрите македонски актери ќе тргне на турнеја на 1 април, денот кога се прават шеги. Но турнејата не е шега, баш е сериозна работа, замислена повеќе за сопствена промоција отколку за доброто на театарот од амбициозен режисер наречен Булдог, со причина. Лондон, Истанбул, Пекинг, Сиднеј, Њујорк... светските метрополи се редат, а во секоја од нив исчезнува по еден член од театарската трупа. Што се случува? Дали избегале сами или некој ги киднапирал, а можеби и ги убива? Како и во најнеизвесниот криминалистички роман, „Булдог“, заедно со читателите, го бара одговорот на прашањето кој и зошто сака да го уништи најамбициозниот македонски театарски проект во поновата историја, се вели во соопштението на авторот.

После бугарското издание од страна на издавачката куќа „Изида“ од Софија, ова е втор превод на овој роман. Македонски издавач на овој роман е издавачката куќа „Бегемот“ од Скопје. бт/нд/

Фото: корица

Остани поврзан