Изет Зејнеловиќ, кандидат за градоначалник на Тетово од партијата Демократи: Само со работа, ред и визија можеме да го подигнеме Тетово
- Кандидатот за градоначалник на Тетово од партијата Демократи, Изет Зејнелови преку соопштение до јавноста информира дека својата предизборна програма ќе ја води под мотото „Само со работа, ред и визија можеме да го подигнеме Тетово“. Тој информира за клучните проекти кои имаат за цел да го унапредат животот во градот, да создадат нови работни места и да го направат Тетово чист, уреден и економски силен град.
Тетово, 7 октомври 2025 (МИА) - Кандидатот за градоначалник на Тетово од партијата Демократи, Изет Зејнелови преку соопштение до јавноста информира дека својата предизборна програма ќе ја води под мотото „Само со работа, ред и визија можеме да го подигнеме Тетово“. Тој информира за клучните проекти кои имаат за цел да го унапредат животот во градот, да создадат нови работни места и да го направат Тетово чист, уреден и економски силен град.
Во својата програма нудиме осум приоритетни проекти за кои веќе се обезбедени инвеститори: Модерен дом за стари лица, модерно училиште за деца со посебни потреби, изградба на нови градинки, современа противпожарна станица, нова водоводна мрежа, канализациска мрежа, пречистителна станица за отпадни води по европски стандарди и фабрика за преработка на отпад и производство на електрична енергија во Тетово, информира Зејнеловиќ.
Тој вели дека тие што ги создале проблемите во градот не можат да нудат решенија за истите.
- Затоа што имаа време да ги решат но не го направија тоа. Мојата цел е да понудам реални решенија со поддршка од докажани инвеститори и да создадеме услови за достоинствен живот за сите граѓани. Гласот за мене е глас за реални проекти, за нови работни места и за иднина во која младите ќе останат овде, истакнува Зејнеловиќ.
На гласачкото ливче со кандидати за градоначалник Изет Зејнеловиќ е под бројот 29. ас/бк/
фото Изет Зејнеловиќ