• четврток, 14 ноември 2024

Изетбеговиќ: Дури и ако Србија го признае Косово, би се отвориле апетитите за БиХ

Изетбеговиќ: Дури и ако Србија го признае Косово, би се отвориле апетитите за БиХ
Белград, 9 август 2020 (МИА) - Лидерот на Партијата за демократска акција (СДА) и потпретседател на Собранието на Босна и Херцеговина, Бакир Изетбеговиќ не верува дека меѓу Србите ќе се најде лидер кој ќе ја потпише независноста на Косово, а ако тоа се случи, тој вели дека со тоа ќе се отворат апетитие кон БиХ, додавајќи дека „ќе има многу врева, од која нема да има ништо“, јави дописникот на МИА од Белград. -Не верувам дека ќе се најде лидер меѓу Србите кој ќе ја потпише независноста на Косово. Доколку се случи тоа, ќе се отворат апетитите за БиХ, ќе се бара надомест за Србите и Србија, изјави Изетбеговиќ за радиосараево.ба. Според него, ќе има многу разговори и врева, кои со текот на време ќе се намалат и од кои нема да има ништо „затоа што и на Косово и во БиХ, српската страна и српската војска изврши злосторства и етничко чистење, а таа страна со Дејтонскиот договор доби премногу во БиХ“. - Сето тоа неизбежно ќе доведе до нови конфликти и сценарио кое сигурно никому не му треба, особено не на босанските Срби. Геноцидот не може и нема да биде награден со независност (на Република Српска), по секоја цена, оцени тој. Изетбеговиќ изјави дека босанските Срби имаат комплексен идентитет, тие ја сакаат Србија и Белград, но не би требало поради тоа да не ги сакаат БиХ, Сараево, местата во кои се родени, соседите. - Босанските Срби, Хрвати, Бошњаците ја имаат истата генетска основа, со векови живеат заедно и реално не можат да им бидат поблиску луѓето од другата страна на границата, кои и не ги знаат. Оваа ситуација предизвикана од војните не е нормална, тоа е шизофрено и привремено, рече Бакир Изетбеговиќ. Тој смета дека „Бошњаците треба да бидат сврзно ткиво и страната која што ќе работи на помирување и нормализирање на односите, на афирмација на позитивните историски вистини“.об/

Остани поврзан