• четврток, 18 јули 2024

Изградено ново детско катче во кривопаланечката населба Единство

Изградено ново детско катче во кривопаланечката населба Единство

Крива Паланка, 4 јули 2023 (МИА) - Најмладите жители од населбата Единство во Крива Паланка денеска добија ново детско урбано катче за игра. Инвестицијата е вредна 600.000 денари, обезбедени од буџетот на Општина Крива Паланка и Програмата „Ромактед“ фаза 2, поддржана од Европската Унија, Совет на Европа.

- Општина Крива Паланка продолжува со реализација на зацртаната програма за 2023 година, со која од општинскиот буџетот се издвоени 3.000.000 денари за нови детски катчиња. Од денес најмалите жители од општината од ромската населба Единство и сите дечиња од градот добија ново катче за безгрижна детска игра, лоцирано кај комплексот згради, место што полека. но сигурно добива нов урбан лик. Изградбата и уредување на детското урбано катче е инвестиција вредна 600.000 денари, вложени во детската среќа и радост. Од вкупната сума, 300.000 денари се издвоени од буџетот на Општина Крива Паланка и 300.000 денари од Програмата „Ромактед“ - фаза 2, финансиран од Европската Унија, Совет на Европа, информира службата за комуникација со јавност во Општина Крива Паланка.

Оттаму посочуваат дека летните денови, деновите од училишниот распуст на сите дечиња од денес се збогатени и надополнети, а Општината продолжува да вложува во нови инфраструктурни содржини за модерен лик на градот. ид/мд/

 

 

 

Остани поврзан