Изградба на детски катчиња и спортско игралиште во Куманово
- Заврши изградбата на детско катче во населбата Гоце Делчев во Куманово, соопштија денеска надлежните. Во Куманово во периодов се градат пет детски катчиња и едно спортско игралиште.
Куманово, 29 април 2025 (МИА) - Заврши изградбата на детско катче во населбата Гоце Делчев во Куманово, соопштија денеска надлежните. Во Куманово во периодов се градат пет детски катчиња и едно спортско игралиште.
- Реализирана изградба на уште едно детско катче наспроти „Кошеви“ во населба Гоце Делчев, соопшти кумановскиот градоначалник, Максим Димитриевски.
Од општинскиот буџет за оваа намена одвоени се речиси 15 милиони денари.

Предвидена е изградба на пет детски катчиња и на едно спортско игралиште. Предвидена е и изградба на две игралишта на кејот, од кои едното ќе биде инклузивно, второто ќе биде лоцирано на самиот почеток на кејот. Граѓаните во неколку наврати бараа да се постават детски катчиња во населбите и во поширокото централно градско подрачје.
Пред две години општината изгради четири детски катчиња во рурални средини. Тогаш беа одвоени над 4, 7 милиони денари. Во Куманово има неколку детски катчиња, но урбаната опрема, речиси секаде е уништена, особено на градскиот кеј и кај Соколана каде пак во тек е изградба на паркот. ам/цр
Фото: Општина Куманово