• четврток, 26 март 2026

Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани

Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани

Кочани, 1 август 2025 (МИА)  - В. д. градоначалникот на Општина Кочани Венко Крстевски го потпиша договорот со Министерството за животна средина и просторно планирање за реализација и на проектот Изградба на водовод на улицата „563“ во Кочани.

За изградба на водоводот на улицата „563“, Министерството, преку Програмата за инвестирање во животната средина, го додели побараниот износ од 2.453.810 денари, со вклучен ДДВ.

Улицата „563“ се наоѓа во Лесна Индустрија, а водоводниот крак што ќе се гради е со должина од 430 метри.

Реализацијата на проектот ќе започне по спроведување на постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач.ис/вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан