• петок, 14 февруари 2025

Изгоре куќа во село Иловица, струмичко

Изгоре куќа во село Иловица, струмичко

Струмица, 14 февруари 2025 (МИА) - Синоќа во 21:15 часот изгоре куќа во село Иловица, струмичко.

Според информацијата од ТППЕ Струмица во гаснењето на пожарот учествувале три против пожарни возила и 10 пожарникари

-Пожарот во поголем дел беше изгаснат од месното население. По пристигнувањето извршена е контрола и изгаснати се некои жаришта низ просториите на куќата, се наведува во информацијата од струмичките пожарникари.

Причинета е поголема материјална штета, а причината за пожарот ќе се утврдува. рт/дма/

Фото: ТППЕ Струмица

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан