• сабота, 11 април 2026

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите

УХМР ќе го одбележи Светскиот ден на водите

Скопје, 22 март 2026 (МИА) - Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), како рамноправен партнер на Светската метеоролошка организација (СМО) во борбата за справување со глобалните климатски промени и опасните временски појави, со скромни работни настани ќе го одбележи 22 Март - Светскиот ден на водите, насловен како „Вода и род“, со слоган „Каде што тече водата, расте еднаквоста“.

Како што информираат од УХМР, целта е да се прикаже клучната врска помеѓу водата, жените и родовата еднаквост, односно фактот дека кризата со вода непропорционално ги погодува жените и девојчињата.

Светската метеоролошка организација, како наследник на Меѓународната метеоролошка организација, формирана во 1873 година, ја има својата основна мисија да ги поддржи земјите на светот во обез

-Ја нагласува потребата тие да имаат еднаква улога во управувањето со водните ресурси, како и во лидерството и донесувањето одлуки, велат од УХМР.

Светскиот ден на водите секоја година се одбележува во над 190 земји-членки на Светската метеоролошка организација. вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан