• понеделник, 13 мај 2024

Изгаснат пожарот под Скопско кале, изгореа пет автомобили

Изгаснат пожарот под Скопско кале, изгореа пет автомобили

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - Изгаснат е пожарот што избувна попладне под Скопско кале, на поранешниот полигон за полагање возачки испити, а во кој беа зафатени пет  патнички автомобили.

Пожарникарите работат на расчистување на теренот, а присутни се полициски екипи за утврдување на причините.

Ѕвонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје, за МИА изјави дека интервенцијата на пожарникарите спречила ширење на пожарот и оти причинета е само материјална штета.

-Во гаснењето на пожарот беа вклучени четири противпожарни возила и 13 пожарникари, информира Томевски. ра/лв/

фото:МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан