• петок, 05 декември 2025

Изгаснат пожарот кај селото Нивичани

Изгаснат пожарот кај селото Нивичани

Кочани, 24 јули 2025 (МИА) - Пожарот што попладнево избувна во атарот на селото Нивичани е целосно изгаснат. Сепак, на терен е оставена дежурна екипа пожарникари со цел да се исклучи секаква можност од повторно избувнување, информира Драган Апостолов, командир на кочанската Територијална против пожарна единица.

Огнот во атарот на кочанското село Нивичани избувна доцна попладне. Гореше трева и нискостеблеста шума на просторот од Нивичани до селото Пантелеј, оддалечени едно од друго четири до пет километри.

Спречена е можноста огнот да допре до околните викендички. Повредени нема. Допрва ќе се утврдува предизвиканата штета. ис/дма/

Остани поврзан