• недела, 19 мај 2024

Изгаснат пожарот во каменичкото село Костин Дол

Изгаснат пожарот во каменичкото село Костин Дол
Македонска Каменица, 7 ноември 2022 (МИА) - Изгаснат е пожарот кој денеска попладне го зафати Чобанско маало во каменичкото село Костин Дол.
- Се работеше за пожар кај местото викано Бушилка, при што беше зафатена борова шума, информираа од Територијалната противпожарна единица од Македонска Каменица.
Површината зафатена од пожарот не е утврдена.
Покрај екипи на ТППЕ Македонска Каменица  во гаснењето на пожарот учествуваше и дел од месното население. вс/см/

Остани поврзан