• недела, 22 декември 2024

Извршниот директор на „Боинг“ тврди дека компанијата е во опасност

Извршниот директор на „Боинг“ тврди дека компанијата е во опасност
Чикаго, 12 мај 2020 (МИА) - Извршниот директор на „Боинг“, Дејвид Калхун, изјави дека воздушниот транспорт во светот ќе се опорави толку бавно што една од главните американски авиокомпании, најверојатно, ќе престане да работи. - Нешто ќе се случи кога ќе дојде септември. Воздушниот сообраќај нема да се опорави 100 проценти,  дури и нема да се врати ни за 25 проценти, изјави Калхун за Ен-Би-Си. Компанијата „Боинг“ не успеа да продаде ниту еден комерцијален авион во април, а нарачката за 108 авиони е откажана затоа што ненадејниот пад на воздушниот сообраќај целосно ја поништи побарувачката. Ова е втор месец годинава што „Боинг“ нема добиено нарачки, што беше незамисливо порано, јавија американски медиуми. зш/

Остани поврзан