• четврток, 02 мај 2024

Извори: Сириската армија ги стави своите ракетни системи во состојба на готовност

Извори: Сириската армија ги стави своите ракетни системи во состојба на готовност

Дамаск, 13 април 2024 (МИА) – Сирија ги стави во состојба на висока готовност своите системи за одбрана земја-воздух од руско производство „Панцир“ околу главниот град Дамаск и главните бази во случај на израелски напад, велат армиски извори.

Како што пренесе Тајмs оф Израел, тие велат дека очекуваат Израел да возврати на армиските бази и инсталации каде што е базирана проиранската милиција, откако Корпусот на Исламската револуционерна гарда на Иран соопшти дека лансирал десетици дронови и проектили против одредени цели во Израел. јт/

Остани поврзан