• петок, 05 декември 2025

Извори: Западни дипломати биле во близина на сириското Министерство за одбрана кога бил извршен израелскиот напад

Извори: Западни дипломати биле во близина на сириското Министерство за одбрана кога бил извршен израелскиот напад

Дамаск, 17 јули 2025 (МИА) - Западните дипломати биле во конвој од оклопни возила што минувал покрај сириското Министерство за одбрана во Дамаск кога Израел испукал повеќе ракети кон зградата, изјавија денеска две лица запознаени со инцидентот, вклучувајќи и сириски очевидец.

-Никој во конвојот не е повреден и тој продолжил по својот пат, рекоа луѓето, одбивајќи да дадат дополнителни детали за националноста или бројот на луѓе во конвојот, објави „Тајмс оф Израел“.

Израел вчера изврши воздушни напади врз Дамаск, уништувајќи дел од Министерството за одбрана, погодувајќи област во близина на претседателската палата и напаѓајќи ги владините безбедносни сили кои дејствуваат против милитантите на малцинството Друзи во јужната покраина Свеида.

Сириски медицински извор изјави дека петмина припадници на безбедносните сили биле убиени во нападите врз Министерството за одбрана.

Израел претходно фрлил бомба до зградата за да предупреди за претстоен напад.

Израел тврди дека неговите напади се дел од напорите за заштита на малцинството Друзи од масакрите извршени од страна на режимските сили во јужна Сирија, тврдење кое го отфрли сирискиот претседател Ахмед ал-Шара, кој вели дека Израел сака да ги поткопа напорите на новата влада за обединување на земјата. мс/

фото: ЕПА

Остани поврзан