• петок, 03 мај 2024

Извлечени полуфиналните парови во Купот на Македонија

Извлечени полуфиналните парови во Купот на Македонија

 

Скопје, 8 март 2024 (МИА) – Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со жрепка се извлечени паровите за полуфиналето во националниот Куп.

Жрепката одлучи Шкупи во првиот натпревар да му биде домаќин на Тиквеш, а Воска на Македонија ЃП.

Првите натпревари се на програмата на 3. април, додека реваншите на 17. април од 15:00 часот.

Финалето од Купот на Македонија е закажано на 22. мај. ег ФОТО: ФФМ

Остани поврзан